Интер уште повеќе си ја искомпликува борбата за излез во ЛШ за наредната сезона откако го загуби вчерашниот натпревар од Фиорентина, на домашен терен со 0-1.
Симоне Инзаги се соочува со зголемен притисок од отказ по новиот неочекуван пораз, а екс-тренерот на Лацио не крие дека очекува повеќе од Ромелу Лукаку, кој промаши неколку одлични шанси, меѓу нив и неверојатен зицер на почетокот од второто полувреме при резултат 0-0.
It was the worst possible start to a difficult month where the Nerazzurri will play in Serie A, the Champions League quarter-final and the Coppa Italia semi-final.
„Секако дека постои огромно разочарување, загубивме два домашни натпревари во низа. Сите треба да работиме повеќе, почнувајќи од мене. Фиорентина е одличен тим, моите момци направија е што можеа, создадовме многу шанси, неверојатно е што не успеавме да постигнеме гол. Ако Лукаку дадеше барем еден гол од оние шанси, се ќе беше сосема поинаку, и пишувањата за него ќе беа целосно различни. Сите сме разочарани, но не смееме да кажеме дека Ромелу е единствениот виновник, и многу други наши фудбалери денеска не постигнаа голови од добри позиции“, изјави Инзаги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА