Што треба да направи Потер за да добие отказ од Челси?

Челси уште еднаш ги разочара своите фанови губејќи  на „Стемфорд бриџ“ од Астон Вила, за уште поголемо продлабочување на резултатската криза во клубот што инвестираше сериозни пари во нови засилувања во последните два преодни рока.

Фановите на „сините“ повеќе од еден месец гласно бараат смена на тренерот Грем Потер, кој се покажа како тотално промашување, но американските газди на клубот како да не сакаат да признаат дека направија катастрофална грешка кога го отпуштија Томас Тухел за да доведат тренер без никакво искуство од работа во голем клуб (Потер пристигна од Брајтон). Токму затоа, не изненадува нивната одлука да не направат тренерска промена и по фијаското против Астон Вила.

„Челси е во процес на повторна изградба на тимот, доведени беа нови фудбалери и став на управата е дека е потребно време за тоа да се случи. Фановите се прашуваат што треба Потер да направи за да добие отказ, но веќе владее впечаток дека тоа нема да се случи до крајот на сезонава. Дури тогаш ќе се направи анализа на сработеното и ќе биде донесена одлука дали тој да добие доверба и за наредната сезона“, пишуваат британските медиуми.

Според нив, доколку Потер навистина си замине, главен кандидат за нов менаџер на Челси ќе биде екс-тренер на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман.

Се вчитува...