Уште еден спортист жртва во војната во Украина: Почина четирикратен светски шампион во кик-бокс

Војната во Украина што трае повеќе од една година веќе зеде бројни жртви, а денеска пристигнува информација дека на фронтот животот го загубил и четирикратниот светски првак во кик-бокс, Виталиј Меринов.

Украинецот долги години доминираше во својот спорт на светската сцена, а од самиот почеток на конфликтот тој се пријави како доброволец за да ја брани татковината. Toj беше ранет во ногата и мина неколку седмици во болница, по што се врати назад на воената линија, од каде денеска пристигна трагичната вест.

Информацијата ја потврди Руслан Мартсинкив, Градоначалникот на Ивано-Франкивск, родниот град на Меринов.

Се вчитува...