„Нагелсман ќе останеше тренер ако не отидеше на скијање“

Јулијан Нагелсман самиот е виновен за отказот што го доби од управата на Баерн Минхен, како поради резултатите на тимот под негово водство, така и со самиот однос.

Првиот човек на Баерн, Ули Хенес, откри дека челниците биле шокирани од однесувањето на младиот стратег, кој веднаш по поразот од Баер Леверкузен со кој го загуби првото место на табелата, тој си заминал на скијање со својата девојка.

„Јулијан Нагелсман не требаше да замине на скијање веднаш по поразот во Леверкузен. Ако останеше во Минхен, ќе седневме, ќе разговаравме за кризата и големи се шансите да останеше на клупата, кој може да знае што ќе се случеше… Вака, Нагелсман реши да отиде во Австрија додека клубот се наоѓаше во криза, а ние почувствувавме потреба да реагираме. Прилично сум сигурен дека никој во клубот не ни знаеше каде е заминат додека не го побаравме. Секако, на главниот тренер не му треба дозвола да замине на одмор, но сепак…“, изјави Хенес.

Се вчитува...