Болоња го растури Удинезе, еврогол на Пош (видео)

Болоња го прескокна Удинезе и се искачи на осмото место на табелата откако „болоњезите“ славеа со убедливи 3-0 над „фриулијаните“. Триумфот беше најавен на самиот почеток, откако веќе во втората минута дефанзивецот Пош испрати проектил од над 25 метри што заврши во мрежата на гостинскиот голман.

Гостите се уште беа во шок, а Моро во 12. минута го псотигна и вториот гол за Болоња, за голема радост ан домашните навивачи на „Ренато дал Ара“. Печат на победата беше ставен на самиот почеток од второто полувреме, кога Бароу во 49. минута ги постави конечните 3-0.

Илија Несторовски одигра едно полувреме влегувајќи во игра во 46. минута, но македонскиот репрезентативец не успеа да се запише меѓу стрелците.

Се вчитува...