ЦСКА Москва поведе со 2-0 в0 четвртфиналната серија против Автодор Сартов во ВТБ-лигата, уште еден натпревар на кој Емил Рајковиќ не покажа милост кон својот поранешен клуб. Сличано како и на првиот натпревар, ЦСКА одигра супериорно од почеток до крај, не дозволувајќи триумфот во ниту еден момент да биде доведен во прашање, славејќи со убедливи 111-85.
Избраниците на Рајковиќ одиграа извонредно офанзивно прво полувреме, откако за 20 минути реализираа дури 65 поени (34 во првата, 31 во втората четвртина), поведувајќи со убедливи 65-39. Удобната предност му овозможи на македонскиот стратег повторно да ги одмори дел од своите клучни играчи, во завршницата шанса добија резервните кошаркари, но тоа не се одрази врз конечниот исход, па ЦСКА славеше со „плус 26“.
Каспер Вер со 17 поени беше најефикасен кошаркар во таборот на ЦСКА, 14 постигна Руженцев, а 12 српскиот ценаар Никола Милутинов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА