Најдобриот македонски одбојкарски стратег, Јошко Миленкоски, оствари извонреден резултат со тимот на ПАОК, со кој успеа да се закити со трофејот во Купот на Грција.
Завршниот турнир се одржа во Каламата, каде Миленкоски за два дена ги зеде скалповите на двата грчки гиганти Панатинаикос и Олимпијакос. Во полуфиналето тој славеше над Панатинаикос со 3-1, а во финалниот меч шампионот Олимпијакос ја имаше фаворитската улога.
Сепак, тоа беше само мотив повеќе за македонскиот стратег и неговите одбојкари, со одлично издание да дојдат до победа од 3-1 и кревање на големиот трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА