Лацио се зацврсти на второто место во Калчо-лигата откако римскиот клуб попладнево триумфираше на гостувањето против Монца, па сега има пет бода предност во однос на третопласираниот Интер.
Педро беше стрелец на првиот погодок откако шпанскиот ветеран се најде во вистинско време на вистинско место и го мастираше голманот на Монца. Печат на победата стави Сергеј Милинковиќ Савиќ, постигнувајќи еврогол од слободен удар што заврши во горниот агол од голот на гостите.
Овој гол значеше и рекорд за српскиот ас, кој со 65 погодоци стана најдобар стрелец меѓу странските фудбалери кои во кариерата го носеле дресот на Лацио.
Sergej Milivnkovic Savic free kick gives Lazio their second goal vs Monza.#MonzaLaziopic.twitter.com/ICtarEN84m
— $ (@samirsynthesis) April 2, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА