Сари: Би останал во Лацио цел живот, во овој клуб се чувствувам важен

Маурицио Сари со право беше задоволен откако Лацио славеше на гостувањето против Монца со 0-2, продолжувајќи ја победничката серија и зацврстувајќи се на второто место на табелата.

Монца е тимот што сезонава го зеде скалпот на неколку фаворити, но „лацијалите“ одговорија на предизвикот и со цел плен се враќаат дома.

„Игравме против квалитетен тим, Монца е екипа што знае да диктира темпо на периоди и со тоа да создава сериозни проблеми. Ние одигравме добар меч, го контролиравме резултатот и ја завршивме работата“, изјави Сари.

Потоа, поранешниот тренер на Наполи и на Јувентус најави дека е подготвен да потпише нов долгогодишен договор со римскиот клуб.

„Ако не се случи нешто непредвидено, јас ќе останам во Лацио и во наредната сезона, за која имам договор. Секако, би потпишал и нов ако ми биде понуден. Да бидам искрен, би останал во Лацио цел живот, во овој клуб се чувствувам важен и тоа ми годи“, прокоментира искусниот стручњак.

Се вчитува...