Гризли е последен патник во плејофот од женското кошаркарско првенство на Македонија, откако оваа екипа славеше во осминафиналната серија против Шкупи со минимални 2-1 во победи. Денеска на програмата беше мајсторката меѓу двата скопски клуба, во која искусните кошаркарки на Гризли знаеја како да стигнат до победата, славејќи со 58-50.
Во натпреварот на одлука беше видена доста израмнета игра, макар што домашниот состав имаше постојана предност. На полувремето „зелените“ водеа со само два поени (30:28), на истекот на третиот дел нивната предност беше уште повисока (46:40). Клучната предност екипата на Гризли ја направи во првиот дел од последниот период во кој се стекнаа и со двоцифрено водство (53:43), кое го сочуваа и обезбедија место во четвртфиналето.
Трката за шампионската титула стартува на 5. април, во четвртфиналето ќе се игра според принципот „подобар во три натпревари“. Предност на домашен терен имаат подобро рангираните екипи во регуларниот дел од сезоната.
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ – ПЛЕЈ-ОФ
ДВОЈКИ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ
(1) Баскет Кам 2011 – (8) Пробаскет
(2) Бадел 1862 – (7) Гризли
(3) Крива Паланка – (6) Струга 2009
(4) Вардар – (5) МЗТ Скопје Аеродром
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА