Марко Бецеки е изненадувачки победник на денешната трка што се возеше во Аргентина како дел од Мото ГП шампионатот. Италијанецот кој е дел од тимот ВР 46, сопственост на легендарниот Валентино Роси, извозе одлична трка, доминираше на патеката и заврши со четири секунди подобро време од Жоан Жарко на Дукати.
Третото место на денешната трка му припадна на Алекс Маркес, кој ја загуби битката за второто место од Жарко, завршувајќи ја трката со само 0,6 секунди заостанување зад Французинот.
Трката во Аргентина ја одбележа и големата грешка на актуелниот светски првак Франческо Бањаја, кој излета од патеката во 18. круг, додека со Маркез водеше битка за второто место. Бањаја успеа да се врати, но на крајот го освои само 16. место, недоволно за бодови на оваа трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА