Милан игра страшно – води со 0-2 против Наполи на „Диего Марадона“

Милан е на добар пат да му нанесе пораз на Наполи откако „росонерите“ дојдоа до водство од 0-2 по првото полувреме на големото дерби што се игра на стадионот „Диего Марадона“ во Неапол.

„Росонерите“ играат како што им доликува на актуелните шампиони на Италија, против тимот што речиси сигурно ќе ги наследи на тронот покажувајќи го своето најдобро овосезонско издание. Избраниците на Пиоли не дозволија Наполи во првото полувреме да влезе во својот препознатлив ритам, додека на спротивната страна максимално ги искористија шансите што ги создадоа.

Брахим Дијаз маестрано асистираше при првиот гол за Милан, а Рафаел Леао мајсторски ја смести топката во мрежата за 0-1. „Наполитанците“ беа во шок, а Милан го искористи тоа за да поведе со 0-2, овојпат стрелец беше Брахим Дијаз.

Домаќините до крајот на полувремето не создадоа ниту една посериозна шанса за гол, најдобар доказ дека Милан целосно ги контролира случувањата во првите 45 минути од ова дерби.

Се вчитува...