Кореа со „слалом“ донесе радост на Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид ја забележа и третата победа во серија во Ла Лига, славејќи над незгодниот Бетис со 1-0 за зацврстување на третото место на табелата.

„Јорганџиите“ како и многу пати во претходните години трпеливо ја чекаа својата шанса, приоритет им беше затворање на приодите кон сопствениот гол, а еден момент на инспирација на противничката половина беше доволен за Атлетико да стигне до трите бода.

Вечерва тоа се случи во самиот финиш од мечот, откако Кореа прифати топка на 25 метри од противничкиот гол, во прв момент среќно ја исконтролира, но потоа велемајсторски влезе во шеснаесетникот, се ослободи од двајца противнички фудбалери и биеше прецизно за 1-0.

Атлетико со оваа победа има 54 бода на третото место, пред Реал Сосиедад со 48 и Бетис со 45 бода.

Се вчитува...