Серафимов: Ни значи победата над Вардар, но наша цел се уште останува излез во Европа

Алкалоид приреди сензација во ракометниот плејоф на Македонија откако славеше со 22-21 над шампионот Вардар, нанесувајќи му го на актуелниот првак првиот овосезонски пораз на домашната сезона.

Победничкиот погодок за дебинтатот во ракометната Суперлига беше дело на Мартин Серафимов вели дека им годи победата над актуелниот шампион, но дека нивна цел се уште останува пласманот во Европа.

„Победата наша со Вардар ни годи но првенството е тек на половина така да предстои уште еден круг натпревари со сите противници. Наша цел е да обезбедиме “излез во Европа” и кон тоа сме фокусирани. Формата ни е во нагорна линија и се надевам на подобри наши изданија на секој натпревар. Сега следуваат два натпревари со две јаки екипи, Тиквеш и Еурофарм Пелистер на домашен терен и ќе настојуваме да ги добиеме после кое мислам дека ќе бидат појасни некои работи во врска со нашиот пласман во ова првенство“, изјави Серафимов. 

Се вчитува...