Ф1 отвора истрага за влегувањето на навивачите на патеката за време на трката во Мелбурн

Организаторите на третата трка од сезоната во Формула 1, Големата награда на Австралија, ден по трката најавија дека ќе започнат истрага за инцидентот во кој навивачите успеале да го поминат обезбедувањето и да стигнат до патеката пред да заврши трката.

Објаснување од организаторите побара и Светската автомобилска федерација (ФИА) дека овој инцидент претставува сериозно кршење на спортскиот кодекс.

Некои од навивачите кои се упатија на патеката успеаја да стигнат до возачот на Хаас, Нико Хулкенберг, кој беше запрен на излезот од вториот свиок.

„Безбедносните мерки и протоколи кои мора да постојат не беа спроведени и тоа создаде опасна средина за гледачите, возачите и официјалните лица на трката“, велат од ФИА.

Како што пренесуваат австралиските медиуми, еден од навивачите кои биле во првите редови на трибините е повреден од удар од дел од нечиј болид.

Се вчитува...