Чеферин: „Скандалот Негреира“ е најсериозна работа откако сум на чело на УЕФА

Скандалот со поткуп на судии во кој е вмешана Барселона со недели ја тресе шпанската фудбалска јавност. Обвинителството во Барселона пред три недели поднесе обвинение за корупција против Барселона и нејзините поранешни претседатели Хосеп Марија Бартомеу и Сандро Росељ. Тие се обвинети дека од 2001 до 2018 година на Хозе Марија Енрикез Негреира, поранешен потпретседател на шпанската судиска комисија, и на неговата компанија исплатиле вкупно 8,4 милиони евра.

За возврат, Негреира им делегирал судии кои одговараат на Барселона и гарантирал дека тие ќе судат за нив. Интересно, иако во периодот кога Барселона е обвинета за плаќање судии, нејзин претседател во првиот мандат (2003-2010) беше и сегашниот Жоан Лапорта, тој не е осомничен за тоа кривично дело. И покрај ова, Хавиер Тебас, првиот човек на Ла Лига изјави дека Лапорта мора да поднесе оставка.

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, во интервју за словенечките медиуми изрази загриженост за скандалот со Барселона и додаде дека УЕФА нема да се откаже од тоа.

„Се разбира, не можам директно да коментирам од две причини. Прво, затоа што имаме независна дисциплинска комисија. И второ, затоа што не сум се занимавал детално со оваа тема. Но, можам да кажам нешто. Колку што сум информиран , ситуацијата е крајно сериозна.Толку сериозна што според мене е една од најсериозните во фудбалот откако се занимавам со тоа. На ниво на шпанска лига секако дека работата е застарена и не може да има натпреварувачки последици, додека постапката е во тек на ниво на шпанското граѓанско обвинителство. Истото важи и за УЕФА, ниту таму нема ништо застарено“, вели Чеферин. 

Се вчитува...