Хуан Хозе Рохо Пачета доби отказ од позицијата тренер на Реал Валјадоли откако неговиот тим прими шест гола на „Сантијаго Бернабеу“.
За оваа разделба се зборуваше и претходно, а се случи по загубениот натпревар од 27. коло на шпанската Ла Лига, во кој Реал во Мадрид го совлада Валјадолид со 6-0.
Овој пораз го доведе Валјадолид на работ на опасната зона. Во моментов клубот е на 16. место на табелата, но има само бод повеќе од првиот кој е во зоната за испаѓање. Од средината на февруари Валјадолид победи само еднаш во првенството, а во последните три кола оствари два порази и едно реми.
Пачета беше тренер во Валјадолид од јуни 2021 година и го водеше тимот на 75 официјални натпревари, 42 пати во втората лига, 27 пати во Ла Лига и шест пати во Купот на кралот.
Засега не се знае кој ќе биде неговиот наследник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

