Наполи нема да го стигне рекордот на Јувентус по број на освоени бодови

Наполи до минатиот викенд имаше само две ремија и два порази во првите 27 кола, и со тоа имаше теоретски шанси да го сруши рекордот на Јувентус, кој под водство над Антонио Конте во сезоната 2013/14 освои титула со неверојатни 102 бода. Во 38 меча оствари 33 победи, три ремија и два порази.

Но, со дебаклот против Милан со 4:0, Наполи ги изгуби математичките шанси да го стигне тој рекорд. На десет кола до крај имаат 71 поен, што значи да ги победат сите натпревари, ќе имаат максимум 101 бод, што е за бод помалку од тој рекорд. Сепак, може да стане  вториот тим кој што успеал да освои троцифрен број на бодови.

За обезбедување на титулата на Наполи му требаат само 15 бодови, односно уште пет бодови, затоа што над второпласираниот Лацио има предност од 16 поени.

Се вчитува...