За само 570 евра може да се дружите со легенда на Челси

Легендарниот фудбалер на Челси и поранешниот репрезентативец на Англија, Џон Тери наплаќа дружење, пренесуваат англиските медиуми. Истото чини 570 евра и ви носи ноќ со легенда во лускузниот хотел Хамшир Корт.

Пакетот нуди фотографирање и слободен разговор на повеќе теми, а за „услугата“ која ја нуди поранешниот стопер веќе настанаа и шеги на социјалните мрежи каде се споменува и поранешниот соиграч во „синиот“ дрес, Вејн Бруџ, соиграч со чија жена Тери имаше афера.

Тери кој во професионалната кериера настапуваше за Вест Хем, Челси и Астон Вила веќе заплива во тренерските води како дел од стручниот штаб на тимот од „Вила Парк“ од 2018 до 2021 година, а сега работи како тренер во академијата на Челси.

Се вчитува...