Штутгарт назначи тренер со големо искуство во млади категории

После високиот пораз од Унион Берлин во саботата, Штутгарт го смени тренерот Бруно Лабадија. „Швабите“ се на дното на табелата, и во последните осум кола ќе се борат за опстанок во „елитната“ Бундеслига. Штутгарт пет натпревари не знае за победа во германското првенство.

Германскиот тим денеска го назначи Себастијан Хенес за негов наследник. Хенес има само двегодишно искуство со водење на Бундеслигата, во тимот на Хофенхајм од 2020 до 2022 година. Претходно работеше во младинските категории на Баерн Минхен и на Лајпциг, а беше тренер и на вториот тим на „Баварците“ во третата лига.

Хенес има две цели: Да го мине Нирнберг во Купот на Германија и да опстане во Бундеслигата. Хенес потпиша договор до 2025 година.

„Навистина се радувам на овој предизвик и благодарам на довербата од одговорните. Имам одлична емотивна врска со клубот. Бев навивач на овој тим, и тука играв само неколку години кога ја освоив титулата во германскиот шампионат за играчи до 17 години. Сега имаме две главни задачи“, изјави Хенес.

Се вчитува...