Отказот на Грем Потер од „жешкото столче“ на „Стемфорд Бриџ“ разбуди и гласина за можно враќање на Жозе Мурињо во Челси со кој забележа голем успех. Португалскиот стратег во моментот е дел од Рома со која има договор до 2024 година, но неговата иднина во главниот град на Италија останува неизвесна.
Мурињо дополнително ги разгоре шпекулациите со последната изјава за последната година од говорот велејќи дека договорите не се најважната работа…
„За мојата иднина не разговарам со пријателите или новинарите. Пред неколку месеци нашиот генерален извршен директор Берарди рече дека останувам, но тоа е негова интерпретација на работите, истото важи и за новинарот Зацарони. Од аспект на договорот, имам уште една година, но понекогаш договорите не се најважната работа“, вели Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

