Капитенот на фудбалската репрезентација на БИХ и член на Интер, Един Џеко во емисијата „(Не)успех на шампионите“ со легендарниот Марио Станиќ, говореше за своите први фудбалски чекори, миговите минати во Желеничар, Чешка, Германија, Англија, Италија…
Тој се присети кога Амар Осим со 16-17 години го доведе во првата екипа, а потоа млад замина од БИХ.
„Луѓето гледаат готов производ, она што е на телевизија. После војната на некои девет години почнав да тренирам. Тоа беше во шега во училиште, уште имаше барикади на улиците. Татко ми ме однесе во Железничар. Се сеќавам татко ми и јас бевме во супермаркет. Тогаш ме повика тренерот на кадетите и ми вели: подготви се, утре одиш на подготовки со првата екипа. Беа тоа поинакви времиња, не беше лесно да се игра во Железничар. На подготовки одевме со автомобили, постарите играчи возеа“, рече Џеко.
Сепак, заминувањето во Чешка не беше од соништата. Тој како млад замина во Теплице, а таму…
„Имав среќа што бев заедно со едно момче од Мостар, Самир Мерзиќ и тоа ми помогна. Живеевме заедно. Имав плата 500 евра, далеку од дома, сам, требаше да платам стан. Немав автомобил, се случуваше последните седум дена од месецот да немав што да јадам. Им се јавувам на моите и им кажувам дека немам што да јадам, замисли како им е на нив? Тогаш немаше социјални мрежи, беа тоа обични пораки. Морав да купам кредит за да им испратам порака. Одев на говорница за да зборувам со моите“, рече Џеко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА