Има ли „пилот“ на Стемфорд Бриџ: Потер го чинеше Челси 60 милиони евра

Грем Потер не е повеќе тренер на Челси. Тој доби отказ после поразот од Астон Вила на домашен терен, со што клубот се најде во долната половина на табелата, со речиси никакви математички шанси да се бори за место во Лигата на шампионите.

За Челси остана само Лигата на шампионите како трофеј кој може да го освојат, а таму ќе играат против Реал Мадрид во 1/4 финалето.

Челси „експериментот“ со Потер ќе го плати скапо. За само седум месеци колку што беше на клупата на „сините“, ја „олесни“ касата на Челси повеќе од 60 милиони евра, вклучувајќи ја тука и отштетата која ја доби поранешниот тренер Тухел.

Лондонскиот клуб најпрво му исплати отштета на избрканиот Тухел во висина од 17,5 милиони евра. Потоа на Брајтон му исплатија отштета од околу 27 милиони евра за Потер, а сега по неговата смена треба да му плати дополнителни 15 милиони евра за предвремен раскин на договорот. Вклучувајќи ги и примањата на Потер за седум месеци, се добива сума од повеќе од 60 милиони евра.

Најсериозен кандидат за наследник на Потер е Јулијан Нагелсман.

Се вчитува...