Во Манчестер Јунајтед нема место за шест фудбалери

Манчестер Јунајтед ќе продолжи со големите промени во ерата на Ерик тен Хаг. Престојното лето на „Олд Трафорд“ се очекуваат нови радикални заминувања, а англиските медиуми ги откриваат имињата на шестте фудбалери на кои холандскиот стратег нема да смета во иднина.

Меѓу нив се и ѕвездите Хари Мегваер, Ентони Марсијал и Џејдон Санчо кои потфрлија во очите на Тен Хаг и се слободни да ја променат средината и покрај сериозните вложувања за нивен ангажман во минатото. Како потсетување, Мегваер беше ангажиран за 87 милиони евра, a Санчо за 85 милиони евра…

На листата на „отпишани“ се и голамнот Дин Хендерсон и бековите Брендон Вилијамс и Алекс Телес.

Се вчитува...