Билиќ се понудил да ја води Украина целосно бесплатно

Вчера во јавноста се појави информација дека Славен Билиќ ќе биде новиот селектор на Украина, и неговото деби на клупата ќе се случи во Скопје на дуелот со Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 во Германија.

Хрватскиот тренер се нафатил да ја води оваа селекција целосно бесплатно, како солидарност поради тоа што врз оваа земја е извршена воена инвазија од страна на Русија. Ако ова се случи, тоа ќе биде преседан во светскиот фудбал.

Билиќ во моментов е без работа, а Украина ја води Руслан Ротан. Се шпекулираше дека на клупата ќе седне Сергеј Ребров, но засега нема ништо од тоа. Билиќ последен пат ја водеше екипата на Ватфорд, а би требало да добие отштета од околу пола милион евра.

Се вчитува...