Синот на Анчелоти си заминува од Реал Мадрид и почнува самостојна кариера

Давиде Анчелоти, синот на тренерот на Реал Мадрид Карло, и член на стручниот штаб на „кралевите“, го напушта клубот. Тој наводно добил понуда да се проба како главен тренер, и токму од тука ќе го напушти својот татко.

Тој во 2012 година стана дел од стручниот штаб на Анчелоти во ПСЖ, каде што беше кондициски тренер, а веќе 11 години е со својот татко. Сега ја извршува функцијата прв помошник.

Овој 33-годишен тренер се поврзуваше со Евертон, но тогаш го одби повикот од Гудисон. Сега наводно Давиде одлучил дека е време за исчекор и да почне самостојно да работи, а со тоа да ги следи чекорите на својот татко. Наводно Давиде на крајот на сезоната ќе го преземе тимот на швајцарски Базел.

Двете страни биле договорени, и од идната сезона ќе стартува соработката меѓу Италијанецот и швајцарската екипа.

Се вчитува...