Односите меѓу Лука Модриќ и клучните луѓе во клубот дефинитивно се заладени, Хрватот на два месеци пред истекот на договорот воопшто нема добиено понуда за продолжување на соработката, а тренерот Карло Анчелоти реши да го остави Модриќ на клупата за резерви на последниот меч со Валјадолид.
Тоа беше прв меч на кој Лука беше резерва, а не влезе во игра откако е член на Реал Мадрид, но Карло Анчелоти јасно стави до знаење дека нема намера да му се правда на Хрватот, дури и доколку тоа се случи на утрешното дерби од Копа дел реј против Барселона.
„Моја работа е да носам одлука што мислам дека е најдобра за тимот. Точно е, Лука Модриќ и Тони Крос се недопирливи со години наназад, но тоа не значи дека ќе играат секогаш. Немам зошто да им ги објаснувам моите одлуки, тие не прашуваат, туку ме разбираат. Немам намера да му се правдам на Модриќ дури и доколку остане резерва против Барса“, изјави Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

