Ливерпул има очајна сезона во Премиерлигата и во Лигата на шампионите, и може да се случи на лето да се случи „ремонт“.
Засега е јасно дека од клубот како слободен заминува Роберто Фирмино, кој што го најави своето напуштање на „Енфилд“ по крајот на сезоната, кога му завршува договорот.
Уште еден фудбалер ќе тргне по неговите стапки. Станува збор за фудбалерот од средниот ред, Наби Кеита. Медиумите од Англија пишуваат дека двете страни не се договориле за продолжување на соработката. Овој играч стигна во Ливерпул во 2018 година за 60 милиони евра, а сега си заминува целосно бесплатно.
Се споменува дека Лион, Лацио, Лајпциг и Борусија Дортмунд сакаат да го доведат Кеита.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

