Чави пред „Ел Класико“ во Купот: Не ги коментирам судиите, не сакам да добијам меч со „измама“

Тренерот на Барселона Чави, на денешната прес-конференција зборуваше за утрешното ново Ел Класико, овој пат во Купот на Шпанија.

Барселона е на добар пат да дојде до титулата во Ла Лига, а со евентуалната елиминација на Реал Мадрид, има можност да дојде и до двојна круна.

Чави зборуваше и за улогата на судиите на овој меч.

„Реал ќе дојде да се одмазди, затоа што ги загубија последните три наши меѓусебни средби. Очекувам дека ќе бидат агресивни, и ќе кажам дека се фаворити. Пред нас е одлиучен тим, но гледам дека и мојата екипа е подготвена. Судиите? Не би сакал да добијам меч со „измама“. Не вреди да се зборува за судиите“, рече Чави.

Се вчитува...