Тимот на Ајнтрахт Франкфурт е првиот полуфиналист во Купот на Германија по денешната победа над Унион Берлин на домашен терен. Херој на тимот од Франкфурт беше Коло Муани, кој постигна два гола, и уште во првиот дел го реши победникот.
Коло Муани првиот гол го постигна во 11. минута. Истиот играч во 13. минута зголеми на 2-0, што на крајот беше конечен резултат на натпреварот.
Вечерва Баерн Минхен го пречекува Фрајбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

