Куп на Италија: Интер во судиското надополнување избегна пораз од Јувентус (ВИДЕО)

Ромело Лукаку е херојот на Интер, кој го спаси својот тим од пораз на гостувањето на првиот полуфинален натпревар во Купот на Италија.

Јувентус имаше предност со голот на Квадрадо. Меѓутоа Интер играше добро на „Алијанц Стадионот“ во Торино, и успеа да дојде до израмнување со гол од пенал на Лукаку.

На крајот од мечот и искри на двете страни, и црвен картон за Лукаку кој по голот ги провоцираше фановите на домашниот тим.

Инцидентите продолжија и по последниот свиреж, кога се случи тепачка меѓу Хандановиќ и Квадрадо, по што голманот на Интер доби црвен картон.

Се вчитува...