Осасуна е „крал“ на продолженијата. И четврти пат оваа сезона во Купот игра продолженија, и четврти пат минува во следната фаза.
Тимот на Осасуна загуби од Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“ со 1-0, со што беше повторен резултатот од првиот меч. Меѓутоа во продолжението во 115. минута успеа Осасуна со гол да се пласира во финалето.
Ињаки Вилијамс му донесе водство на тимот на Билбао во 33. минута, а Ибањез во 116. минута успеа да израмни, и со тоа по победата на првиот меч, да се пласира во големото финале.
Таму го чека подобриот меѓу Барселона и Реал Мадрид. По првиот меч, Барса има предност од 0-1 од Мадрид, а во среда се игра во Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

