Челси ја продолжува потрагата по нов менаџер откако Грем Потер доби отказ, а американскиот газда Тод Боели се уште е во дилема околу изборот на негов наследник. Според последните информации од Англија, во последните 24 часа дошло до сериозен пресврт, па сега се големи шансите Френк Лампард да се врати назад на „Стемфорд бриџ“.
Клупската легенда се најде во една од ложите на синоќешното дерби со Ливерпул, по што веднаш се појавија шпекулациите за негов камбек во Челси. Весникот „Дејли Мејл“ тврди дека Лампард не само што е една од опциите, туку е и многу сериозен кандидат за нов менаџер на Челси. Неофицијално, тој начелно бил согласен и да прифати договор само до крајот на сезонава, по што во зависност од неговата работа ќе биде одлучено дали ќе остане и по завршувањето или ќе биде доведен нов стратег.
Лампард беше на чело на Челси во периодот кога клубот се соочуваше со проблеми поради забрана за трансфери, но доби отказ во јануари 2021 година. Во меѓувреме тој имаше и неуспешна авантура во Евертон, па останува да се види дали „сините“ ќе му дадат нова шанса на „Стемфорд бриџ“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

