Ивановски успешно стартуваше на фјучрсот во Дубровник

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски успешно го стартуваше настапот на ИТФ фјучрсот во хрватскиот Дубровник. Ивановски на турнирот вреден 25.000 американски долари славеше во првото коло над Италијанецот Матео Донати со 2-1 по сетови 1-6, 6-3 и 6-0.

Ивановски имаше лош старт на натпреварот, а тоа го искористи италијанскиот тенисер кој доминираше и го доби првиот сет со 6-1. Македонскиот тенисер најпрво го доби вториот сет со 6-3, а потоа не му дозволи на Донати да освои ниту еден гем и со 6-0 го потврди пласманот во второто коло.

Таму за противник ќе го има  победникот од дуелот меѓу Алдин Сеткиќ и Емил Дапчевиќ.

Се вчитува...