Мане: Сѐ повеќе играчи од Англија ќе одат во Бундеслигата

Скапоплатениот Садио Мане, и натаму не блеска во дресот на Баерн Минхен, како што тоа го правеше во Ливерпул. Вчера после натпреварот со Фрајбург, не покажа знаци на разочараност од елиминацијата од Купот на Германија.

Се споменува дека Сенегалецот би можел да се врати во Англија после само една сезона. Меѓутоа според она што го кажа, отфрли таква можност.

„Летоска на Мајорка го сретнав Кристијано Роналдо, и тој ми кажа дека со изборот на Баерн сум направил чекор напред во кариерата. Приказните дека Бундеслигата е многу полоша од Премиерлигата не се точни. Сигурен сум дека се повеќе играчи и ѕвезди од Премиерлигата ќе доаѓаат во Германија. Првенството е израмнето, атмосферата на стадионите е неверојатна, и не ми јасно како некој би можел да ја одбие Бундеслигата? Направив вистински чекор во кариерата во тоа не се сомневам“, рече Мане.

На прашањето кога ќе почне да игра во Баерн, како што играше во Ливерпул, одговори:

„Имајте трпение, тоа ќе биде многу брзо“, изјавил Мане.

Се вчитува...