Реваншот од финалето во Купот на Македонија со хуманитарен карактер за Никола Ѓорѓиев (ФОТО)

Во 21. коло од Првата кошаркарска лига силите ќе си ги одмерат финалистите на овогодинешното издание на Купот „Благоја Георгиевски – Бушут“ Феникс 2010 и МЗТ Скопје, а натпреварот кој ќе биде одигран на 10.04 (понеделник) со почеток од 18 часот ќе има хуманитарен карактер за помош на Никола Ѓорѓиев.

Деветнаесетгодишниот Никола кој е без родители и живее со своите баба и дедо боледува од карционом на коските и му е потребно лекување во Турција, а Феникс 2010 се одлучи наместо да наплаќа билет за натпреварот да постави кутија за донација за која посетителите на натпреварот ќе треба да издвојат најмалку 100 денари.

„Во 21. коло од Првата лига не очекува натпревар со актуелниот шампион KK MZT Skopje Aerodrom. Истиот ќе биде одигран на 10.04 (понеделник) со почеток од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“, а ќе има хуманитарен карактер за помош на Никола Ѓорѓиев.

Деветнаесетгодишниот Никола кој е без родители и живее со своите баба и дедо боледува од карционом на коските и му е потребно лекување во Турција. Наместо билет за натпреварот одлучивме на влезот на спортскиот центар да биде поставена кутија за донација во која мора да издвоите најмалку 100 денари.

Започнете ја седмицата со добра кошарка против АБА-лигаш, натпревар во кој силите ќе си ги одмерат сегашни и идни репрезентативци, реванш на финалето во Купот на Македонија, но и најбитно – бидете хумани. Заедно да помогнеме кога е најпотребно! 🙏

Во очекување на натпреварот може да помогнете и со донација на телефонските броеви:
143 117 на Telekom MK
143 488 на А1 Македонија“, стои во објавата на Феникс 2010.

Се вчитува...