ПОЛУВРЕМЕ ВО КУПОТ: Личина за предност на „лавовите“ во Тетово, мрежите мируваат во Струга (ВИДЕО)

Македонија ЃП го направи првиот чекор кон ново финале во Купот, откако има предност по првиот дел на гостувањето во Тетово над Шкендија со 0-1.

Есмин Личина во 13. минута ја донесе предноста. Стоперот на „лавовите“ се најде во противничкиот шеснаесетник после еден корнер, а тој од 5-6 метри остана осамен, па спуштената топка со глава ја спроведе во мрежата на противникот за предност.

Во Струга се игра тврд натпревар без голови. Силекс ќе се обиде да дојде до трето финале по ред, додека Струга до свое прво. Остануваат уште 45. минути, и евентуални пенали, по кои ќе ги добиеме финалистите на Купот.

Се вчитува...