Најдобриот македонски кошаркарски тренер Емил Рајковиќ и неговата ЦСКА Москва без проблеми ја минаа четвртфиналната фаза во руската ВТБ лига, откако со максимални 3-0 во серијата славеа против Автодор Саратов.
Во последниот натпревар од серијата одигран денеска на теренот на поранешниот клуб на Рајковиќ „армејците“ славеа со 67-76 и со тоа осигураа полуфинална серија во руската лига. Таму за противник најверојатно ќе го имаат Локомотив Кубан кој води 2-0 против Нижни Новгород и има два меча на домашен терен.
Вториот македонски претставник во ВТБ, Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ исто така се со една нога во полуфиналето откако имаат предност од 2-0 против Парма од Перм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА