Струга Трим Лум го обезбеди своето прво финале на Купот во историјата. На домашен терен во полуфиналниот натпревар, ја совладаа екипата на Силекс, и им го прекинаа патот до ново финале на кратовци.
Херој на стружани беше Меџит Незири кој го постигна единствениот гол. Изведен корнер од Кочоски до главата на Незири кој ја „заби“ топката во мрежата.
„Без сомнение ова е најважниот мој гол во кариерата. Се знае дека дефанзивците многу често не даваат голови, но јас сум среќен што погодив за да се оствари најважната цел, а тоа е пласман во финалето. Заслужено одиме таму по се што прикажавме и после комплетната доминација на мечот“, вели Незири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА