Kапитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски и неговиот Динамо Загреб доживеаја сензационална елиминација во полуфиналето на Купот на Хрватска откако во крајно интересен натпревар загубија од Шибеник со 2-1.
Се почна одлични за „модрите“ откако уште во 1. минута стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Дрмиќ. Истиот фудбалер во 37. минута постигна уште еден погодок, но по прегледување на ВАР тој беше поништен поради офсајд.
Домаќините израмнија на 1-1 со голот на Поцо во 72. минута, додека голема победа за Шибеник донесе Дује Чоп во 93. минута. Ристовски стартуваше од првата минута и ги одигра сите 90. минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА