Реал Мадрид успеа да ја надокнади предноста од првиот меч против Барселона, откако по 45 минути води со 0-1 на гостувањето на „Камп ноу“ во реваншот од полуфиналниот двомеч во „Копа дел реј“.
Првото полувреме помина во тензична атмосфера нешто што е нормална појава кога се во прашање натпреварите меѓу двата тима. Уште на самиот старт имаше една спорна ситуација во која Милитао играше со рака во својот шеснаесетник, но главниот судија на мечот не се реши да покаже на белата точка. Дуел имаа и Винисиус Жуниор и Гави, поради што и двајцата заработија жолт картон.
Водство за „кралевите“ донесе Винисиус Жуниор во судиското надополнување во првото полувреме.
Подобриот од овој дуел во финалето ќе игра против Осасуна која вчера го елиминираше Атлетик Билбао.
Gavi vs Vini Jr #ElClasico
— Reyi (@Reinaldodcg9) April 5, 2023
Barcelona 0 – [1] Real Madrid [1-1 on agg.] – Vini Jr 45+1’
by insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

