Хаос во Холандија: Класен раскрварен, прекинат мечот меѓу Феенорд и Ајакс (ВИДЕО)

Средбата меѓу Феенорд и Ајакс во второто полуфинале на холандскиот куп беше прекината по нешто повеќе од 60 минути игра, бидејќи на теренот настана хаос.

Најпрво дојде до конфликт меѓу Душан Тадиќ и Оркун Кокџу, соиграчите се обидоа да ги раздвојат, а потоа навивачите фрлија голем број тврди предмети на теренот. Еден од нив го удриво глава Дејви Класен, кој падна на тревата облеан во крв.

Недолго потоа судиите го прекинаа натпреварот.

Се вчитува...