Манчестер јунајтед конечно успеа да стигне до победа во Премиер-лигата откако вечерва славеше над Брентфорд со минимални 1-0 во заостанатиот натпревар од 25. коло во англиската Премиер-лига.
Клучниот момент во натпреварот се случи во 27. минута кога победа за „црвените-ѓаволи“ донесе Маркус Рашфорд.
Manchester United [1] – 0 Brentford – Marcus Rashford 27'
byu/Todibo insoccer
Во вториот натпревар од вечерашната понуда Њукасл продолжува со неверојатните партии откако славеше на гостувањето кај Вест Хем со убедливи 1-5. Гостите поведоа со 0-1 уште во 6. минута со голот на Вилсон, а само седум минути подоцна беше 0-2 откако стрелаше Џоелинтон. До крајот на првиот дел домаќините намалија на 1-2 преку Курт Зума во 41. минута. Со головите на Вилсон во 46, Исак во 82. минута и Џоелинтон Њукасл стигна до конечните 1-5.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

