Рапсодија на Бензема, Реал ја понижи Барса за финале во Копа дел Реј (ВИДЕО)

Реал Мадрид го одигра веројатно најдобриот натпревар годинава откако успеа да се пласира во финалето на Копа дел Реј, понижувајќи го најголемиот ривал Барселона на нејзин терен со 0-4.

Првото полувреме помина во тензична атмосфера нешто што е нормална појава кога се во прашање натпреварите меѓу двата тима. Уште на самиот старт имаше една спорна ситуација во која Милитао играше со рака во својот шеснаесетник, но главниот судија на мечот не се реши да покаже на белата точка. Дуел имаа и Винисиус Жуниор и Гави, поради што и двајцата заработија жолт картон. Водство за „кралевите“ донесе Винисиус Жуниор во судиското надополнување во првото полувреме.

Вториот дел донесе вистинска рапсодија на Карим Бензема кој постигна хет-трик нанесувајќи и го на Барселона еден од најтешките порази во меѓусебните дуели, а со тоа го трасираше патот на својот клуб во финалето.

Во финалето Реал Мадрид ќе игра против Осасуна која вчера го елиминираше Атлетик Билбао.

Barcelona 0 – [4] Real Madrid [1-4 on agg.] – Karim Benzema 80' hat-trick
byu/alexinup insoccer

Се вчитува...