Малку им треба за среќа: Анчелоти кажа три збора па следеше ерупција во соблекувалната на Реал (ВИДЕО)

Реал ја декласираше Барселона пред 95.000 гледачи победувајќи со 0-4 на „Ноу Камп“ со што на убедлив начин си обезбеди место во финалето на шпанскиот куп каде ја очекува Осасуна.

По мечот владееше огромно славје во соблекувалната на „кралскиот клуб“, но сепак ерупцијата ја предизвика тренерот Карло Анчелоти со само три збора на крајот од својот говор со кој искажа благодарност до играчите.

Фудбалерите на Реал мирно го слушаа говорот на искусниот стратег а потоа следеа само три збора за ерупција.

„Утре е слободен ден“ – изговори Анчелоти, по што следеше неверојатно воодушевување.

Се вчитува...