Реал Мадрид и нанесе срамен пораз на Барселона од 0-4 пред 95.000 гледачи на „Камп Ноу“ обезбедувајќи место во финалето на Копа дел Реј.
Сето тоа по мечот синоќа тешко го преживеа тренерот на Барса, легендарниот Чави кој вели дека доживеале пораз кој многу боли.
„Оваа ноќ тешко ќе се преживее. Ова навистина многу боли…“ – почна Чави и дополни:
„Сепак, добро е што имаме лига каде сме први и мора да реагираме како што треба. Игравме многу подобро отколку што зборува резултатот, затоа што ако вака на прва се погледне се е тоа страшно. Во првото полувреме бевме навистина добри, но во транзиција Реал погоди за 0-1 а потоа вториот гол не уби. Одигравме навистина лошо второ полувреме, и тоа е тоа“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

