„Кралевите“ заиграа „самба“ во соблекувалната, а Модриќ го изнасмеа светот (ВИДЕО)

Сосема очекувано фудбалерите на Реал Мадрид долго славеа во соблекувалната по синоќешната победа од 0-4 над Барселона на „Камп Ноу“ и пласманот во финалето на Копа дел Реј.

И во соблекувалната на Барселона можеа да го слушнат славјето на „кралевите“ во кое и тоа како се опушти и хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ кој синоќа одигра уште еден маестрален меч.

„Самба“ поведе Винисиус и ја подигна на нозе целата соблекувална, па да танцува се одлучи и Модриќ кој се потруди да ги копира Бразилците, но очигледно тоа воопшто не му успеа. Единствено успеа да ги насмее сите, и во соблекувалната, но и интернет-светот откако се сподели видеото со неговите танцувачки вештини…

Се вчитува...