Очигледно е дека шеиците од Саудиска Арабија не знаат за доста кога е во прашање желбата за привлекување на најпознатите светски фудбалски лица.
На мета сега е и едно од најславните тренерски имиња Жозе Мурињо кој на крајот од сезоната би можел да ја напушти клупата на Рома, ако се погледне понудата која ја има од Саудиска Арабија, а која едноставно не може да се одбие.
„Кориере дело спорт“ тврди дека Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија му понуди на 60-годишниот стратег неверојатни 120 милиони евра за двегодишен договор на селекторската функција на националниот тим од оваа земја.
Жозе во моментов е фокусиран на крајот на сезоната со Рома, но јасно е дека една таква понуда и тоа како е вредна разгледување. Тоа е најголемата понуда за тренер досега во историјата на фудбалот.
Саудиска Арабија претходно во својата лига успеа да го донесе Кристијано Роналдо за сума од 200 милиони евра на годишно ниво, но Лионел Меси одби неверојатни 400 милиони да дојде во екипата на Ал Хилал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

