„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Барселона на Чави се избламира на „Камп ноу“ како ретко која генерација претходно

Реал Мадрид го одигра веројатно најдобриот натпревар годинава откако успеа да се пласира во финалето на Копа дел Реј, понижувајќи го најголемиот ривал Барселона на нејзин терен со 0-4.

Избраниците на Чави Хернандез доживеаја бламажа од најголемиот ривал на „Камп ноу“ како ретко која генерација претходно. Реал Мадрид на стадионот на својот најголем ривал четири или повеќе гола до вчерашниот меч претходно постигна во далечната 1963 кога во првенствен меч славеше со 1-5.

 

Се вчитува...