„Ќе бидам изненаден ако Меси се врати во Барселона“

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и Барселона, Јаја Туре не верува дека Лионел Меси повторно ќе го облече дресот на каталонскиот клуб.

Договорот на аргентинскиот интернационалец со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а како што одминува времето се поизвесно е дека тој нема да остане во Париз. Во прилог на тоа одат и свирежите на навивачите до Меси на последниот меч меѓу „светците“ и Лион.

„Ќе бидам изненаден ако Меси се врати во Барселона. Во фудбалот никогаш не се знае што може да се случи. Се што Меси направил во кариерата е импресивно. Тој го направи сето тоа, вклучувајќи го и освојувањето на последното Светско првенство. Не знам дали ќе остане во ПСЖ или ќе се врати во Барселона. Сакам Лео да ја заврши кариерата само во Барселона. Но, не знам што ќе се случи со него бидејќи тој се уште има договор, да видиме што ќе се случи следната сезона“, изјави Туре. 

Се вчитува...